Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА 40 МИНУТИ ГИ ЛОЦИРА И ФАТИ КРАДЦИТЕ: Украдените мобилни телефони, пари, новчаници од автобус кој носеше деца на ексурзија се вратени кај учениците и професорите

Денес 31.10.2025 на паркингот во Битола кај “ракометната” се случи тешка кражба на нашиот автобус кој беше уредно паркиран, соопштија од туристичката агенција Црво Експрес на својот фејсбук профил, каде што во статусот се вели:

– Украдени беа повеќе мобилни телефони, пари, новчаници и уште неколку лични предмети на деца кои во моментот беа на својата училишна екскурзија во Битола од ООУ “Илинден” – Крива Паланка (3 то одделение).

– По пријава на настанот, полиција дојде експресно брзо како и инспекторите кои по кратка но детална проверка и на околината и на видео надзорот за 40 минути беа лоцирани крадците каде украдените предмети се вратени во целост назад на дечињата и професорите.

УПАТУВАМЕ ЈАВНА И ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до МВР – СВР Битола, а посебно до полициските службеници и инспектори, се вели во објавата на Црво Експрес.

Можеби ќе ве интересира

АПСЕЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ СКОПЈЕ: 9 лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Кривични пријави за повеќе лица – Овозможиле лице да користи дв идентитети

ДЕСК

Хорор за наставничка од Кавадарци откако го оставила профилот на социјална мрежа неодјавен, а колешка го искористила тоа – реагираше полицијата

ДЕСК