На 27.10.2025 во 09:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(63) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка лице(91) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.


