Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица во државата.

Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои 5 се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани може да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

Во организација на Министерството превентивни тимови од здравствени установи во државата продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК