Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не отстапуваме територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде, освен со Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили нема да се повлечат ниту чекор на бојното поле за да отстапат територија.

Зеленски исто така изјави во разговорот со новинарите дека Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатите руски средства во Украина, објави „Укринформ“.

Зеленски ги повика американските конгресмени да донесат построги санкции кон Русија и рече дека на Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК

ЗЕЛЕНСКИ БАРА НОВИ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ – Предложена евакуација на цивили од десет окупирани локации

ДЕСК