Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ги прошируваме капацитетите на Јохан Хајнрих Песталоци, го санираме покривот и создаваме подобри услови за учениците

Кандидатот за нов градоначалнички мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, најави проширување на капацитетите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Со зголемувањето на бројот на ученици, потребата за дополнителен простор стана приоритет. Затоа ќе инвестираме во проширување на капацитетите на училиштето со изградба на нови училници,“ рече Герасимовски.

Во програмата се предвидува и промена на фасадната столарија и подовите, како и партерно и хортикултурно уредување на дворот на училиштето.

Дополнително, по промената на кровот на училиштето, реконструкцијата на отворените игралишта и тековната санација на покривот врз спортската сала, „Ј.Х. Песталоци“ ќе биде целосно реконструирано.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка кај Росоман, има повредени

ДЕСК

Трагедија на македонските патишта: Загина млад маж, полицијата со детали за тешката несреќа

ДЕСК

АКТ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

ДЕСК