Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот.

Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината.

„Заедно со граѓаните, во изминатите четири години реализиравме голем број успешни и квалитетни проекти, а така ќе биде и во наредните четири години. Ги поканувам граѓаните со своите предлози, идеи и размислувања да се вклучат во дефинирањето на приоритетите што ќе придонесат за развој на локалната самоуправа,“ порача Герасимовски.

На буџетскиот форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбани заедници, претставници на невладиниот сектор, и сите жители што сакаат да учествуваат во планирање на општинскиот буџет.

Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчестност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата.

„Ги поканувам сите центарци да присуствуваат на форумот. Гласот на граѓаните е важен, секоја иницијатива е добредојдена, бидејќи сите заедно сме одговорни за животот во нашата општина,“ додаде Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар: ПОЦ и „Паркови и зеленило“ ги отстрануваат двете паднати дрвја во близина на училиштето Киро Глигоров

ДЕСК

Пронајдена автоматска пушка во автомобил марка ауди, лишени од слобода две лица

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК