Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.

 ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

ДЕСК