Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските разговори меѓу САД и Кина.
Кинеските економски претставници се состануваат со американскиот секретар за финансии Скот Бесант и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир на маргините од самитот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија за деескалација на трговската војна.
Двете најголеми економии во светот се обидуваат да избегнат ескалација на трговската војна откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови 100 проценти царини за кинески стоки и други трговски ограничувања почнувајќи од 1 ноември како одмазда за значително проширените контроли на извозот на минерали од страна на Кина.
Портпаролот на Министерството за финансии на САД им рече на новинарите во саботата дека првиот ден од разговорите бил „многу конструктивен“. Позитивен исход од разговорите би ги отстранил пречките за средба меѓу Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


