Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром:

Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно.

Предвидуваме изградба на нови, модерни и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за децата со попреченост. Ќе се адаптираат рабниците на тротоарите, ќе се изградат тактилни патеки, затоа што пристапноста не е луксуз, тоа е човеково право.

Особено внимание ќе посветиме на решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку системска соработка со сите надлежни институции, за да обезбедиме безбедна и хумана средина.

Ќе изградиме нови велосипедски патеки, ќе воведеме брз и функционален јавен превоз, а преку паметни паркиралишта и осветлување ќе создадеме општина што штеди енергија и време, а нуди квалитетен урбан живот.

Безбедноста е темел на сè што правиме. Затоа ќе воведеме редовна контрола на противпожарните системи во сите станбени згради и ќе изградиме нова противпожарна станица на територијата на Аеродром.

Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром.

Затоа на 2 ноември, заедно да се избориме за подобра општина, за општина која се грижи за секого.

Можеби ќе ве интересира

ДОМ Куманово со поддршка за независниот кандидат Горан Стојковски – Диро

ДЕСК

Филипче: Одлуката за поддршка во вториот круг ќе биде донесена следните денови, разговорите се во тек

ДЕСК

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

ДЕСК