Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото СДСМ
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање за резултатите од изборите даде анализа на раезултатите и промените што ќе следуваат по изборите.

„Јас лани ја затекнав партијата во навистина тешка и лоша состојба, имено после еден пораз со разлика од 300.000 гласови. И во текот на изминатата година и пол интензивно работев во сите општински организации, со илјадници наши членови – директни контакти, средби и состаноци“, изјави Филипче.

Тој посочи дека има добар дел општини каде што веќе се избрани градоначалници од СДСМ, како и дополнителни 16–17 општини каде партијата влегува во втор круг. Таму, како што нагласи, е постигнато значајно зголемување на бројот на гласови во однос на ланските избори.

„Тоа се општински организации во кои бројот на гласови, кога ги споредуваме со ланските избори, е значајно зголемен некаде 40-50%, а некаде гласовите се дури и дуплирани, што значи дека работата дала ефект. Од друга страна, има општини каде што тоа не се случи – тука мислам на скопските општини.“ – рече Филипче.

Филипче рече дека овие избори се добар показател за тоа како треба да се работи во иднина и какви промени треба да се направат.

„Овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Затоа што очигледно е дека е потребна – особено во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат – да продолжиме со интензивна работа“, изјави Филипче.

Во тој контекст, тој најави и политички и кадровски промени во раководството по завршувањето на изборниот процес.

„Дозволете да најавам политички и кадровски промени во раководството, нели, после изборите – за што ќе бидете известени“, заклучи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси, граѓаните сакаат крај на бетонизацијата и лажните зборови

C +

„Влен“: ДУИ е на дното на бунарот

C +

Левица: Кандидатите на „Вреди“ шират шовинистичка реторика

C +