Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МЗ: На паркингот во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

– Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Министерството за здравство ја информира јавноста дека во рамките на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби. Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната инфраструктура на јавните здравствени установи, соопштија од МЗ.

Во делот на нашите надлежности, ја уверуваме јавноста дека работењето на Клиниката се одвива непречено и пристапот за пациентите е обезбеден.

Министерството за здравство нема надлежност да утврдува урбанистичко-планска документација, да издава одобренија за градење или да определува сопственичко-правен статус на парцели. Овие прашања се во надлежност на органите на локалната самоуправа, пред сè Општина Центар, како и на другите институции од областа на урбанизмот и катастарот, велат од Министерството за Здравство.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

ДЕСК

Филипче: Одлуката за поддршка во вториот круг ќе биде донесена следните денови, разговорите се во тек

ДЕСК

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

ДЕСК