Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВЛЕН: Ахмети го навреди народот

Коалицијата ВЛЕН реагираше по последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека неговиот речник е „банален, навредлив и недостоен за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците“.

„Од ‘загарите’ до ‘газиместан’, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост. Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза,“ се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Оттаму додаваат дека „кога човек кој водеше две децении го нарекува својот народ ‘Газиместан’ и го навредува со ‘700 илјади мајки’, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек повеќе не претставува никого, освен себеси и неговиот привилегиран круг“.

„Албанците од Северна Македонија, и оние што гласаа за ВЛЕН и оние што гласаа за НАИ, не се ‘Газиместан’, туку се горда нација, која на 19 октомври демонстрираше висока демократска зрелост и зборуваше со решителност за промени“, стои понатаму.

ВЛЕН порача дека ги почитува сите граѓани кои учествуваа на изборите, нагласувајќи дека „на 19 октомври албанскиот народ се ослободи од страв, притисок и политичка уцена“, и најави дека „на 2 ноември, ќе славиме заедно и на секој агол бидејќи Албанците ќе победат во речиси сите албански општини“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕ ГИ ЧАДОРИТЕ, ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор: Обљубено малолетно девојче од Скопје во повеќе наврати

ДЕСК

Ноќва почнува зимското сметање на времето

C +