Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Се враќа воениот рок – од сега секој граѓанин ќе мора да служи војска во Хрватска

Пратениците во Република Хрватска изгласаа воведување на задолжелен воен рок.

Ова има за цел да ја зајакне одбраната на Хрватска, во моменти кога на глобално ниво стабилноста е загрозена.

Според проценките речиси 20.000 мажи кои полнат 18 години секоја година ќе бидат регрутирани и ќе мора задолжително да поминат двомесечна обука, а ваквата одлука ќе стапи на сила почнувајќи со 2026-та година.

Жените се ослободуваат од воениот рок, но сепак оние кои сакаат да служат на земјата ќе имаат опција тоа да го направат три или четири месеци во цивилна служба.

Платата која ќе ја добиваат младите лица кои ќе служат воен рок, ќе биде 1.100 евра месечно.

Хрватска го укина воениот рок во 2008-та година, една година пред да стане членка на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус – издвоени речиси сто милиони евра

ДЕСК

Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

C +

Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

C +