Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Еден повреден во тешката сообраќајка кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес.

Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК