Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дрон удри во зграда во Московска област: станот е целосно уништен, петмина повредени

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Красногорск, Московска област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов.

„Станбена зграда во Красногорск е оштетена во напад со беспилотно летало. Дронот се урна во стан на 14-ти кат. Пет лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Четворица се веднаш однесени во болници, каде што добиваат потребна медицинска помош“, напиша Воробјов на својот Телеграм канал.

Тој истакна дека детето претрпело полесни повреди на долниот дел од ногата и исчашено колено, додека другите повредени лица имаат трауматски повреди на мозокот, фрактури и рани од шрапнели.

Инцидентот оштети и делумно уништи три стана. Фрагменти од облогата на зградата и стаклените прозорци беа расфрлани на растојание од околу 100 метри. Станарите на зградата изјавија за руската државна новинска агенција Тасс дека експлозијата била „многу моќна“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски побара од Коалицијата на подготвените оружје со долг дострел

ДЕСК

Путин вели дека одговорот на Москва на потенцијалните напади со ракети „Томахавк“ врз руска територија би бил „жесток“

ДЕСК

Северна Кореја гради музеј во чест на загинатите војници во Русија

C +