Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во населеното место Миладиновци се одржа пригоден настан со кој достоинствено беше одбележан овој значаен историски датум. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Васил Стојанов-Аџаларски, присутните изразија почит кон неговата херојска борба за слободна татковина.

Свежо цвеќе пред споменикот положија делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни претпријатија и училиштата, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, претставници на невладини организации и бројни граѓани.

Васил Стојанов-Аџаларски е роден во 1880 година во селото Аџалари, денешно Миладиновци. Тој бил истакнат војвода и борец за национална слобода, кој предводел чета составена од комити од поширокиот регион на денешна општина Илинден. Аџиларски херојски загинал во 1909 година.

Во рамки на свеченото одбележување, во Домот на културата во Миладиновци се одржа и шаховски турнир организиран од Здружението на пензионери „Илинден“. На турнирот учествуваа 18 шахисти поделени во две групи, а натпреварувањето се одвиваше според ФИДЕ правилата за забрзан шах со темпо од 10 минути по играч.

Покровител на настанот беше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на крајот на турнирот им додели пригодни награди и плакети на најдобрите учесници, при што истакна дека ваквите активности претставуваат важен дел од заложбата на Општината за активно вклучување на повозрасните генерации во јавниот живот, но и за негување на традицијата и сеќавањето на историските вредности. Првото место го освои Сурловски Душан, второ место го освои Стефановски Христијан, трето место го освои Спасовски Миле и четврто место освои Мицевски Диме.

Со достоинствено чествување, Општина Илинден уште еднаш покажа дека историјата е темел врз кој треба да се гради иднина заснована на слобода, солидарност и припадност.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

ДЕСК

МОБИЛИЗАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ЧИСТЕЊЕ НА НАСОБРАНОТО ЃУБРЕ: Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

ДЕСК

Во Битола одбележан 23-ти окотмври – денот на Македонската Револуционерна Борба

ДЕСК