Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Реконструкцијата на салата Работнички во завршна фаза

Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“.

При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени.

Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

„По 50 години, Работнички добива нов лик и нови услови за спортски активности, согласно ФИБА стандардите. Федерациите конечно ќе добијат современи услови за работа, а нашите кошаркари место за тренинг и натпревари. Скопје добива модерна спортска сала, КК Работнички свој дом,“ рече градоначалникот Герасимовски.

Со завршувањето на реконструкцијата, салата „Работнички“ ќе стане современ спортски центар, со уреден терен, нови трибини, функционални соблекувални и административен дел за спортските федерации.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

ДЕСК

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска од Истамбулскиот економски Самит: Глобалните промени не се закана, туку можност за развој

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.