Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јужна Кореја сака да стане четврта сила во светот по одбранбена индустрија до 2030 година

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјун, изјави дека земјата до 2030 година ќе го зголеми буџетот за одбрана повеќе од очекуваното со цел да стане четврта најголема сила во светот во одбранбената индустрија.

На најголемиот саем за оружје во земјата, Ли истакна дека тоа не е невозможен сон и дека Јужна Кореја ќе инвестира во развој на технологии, делови и материјали за одбранбени системи.

Тој додаде дека Сеул ќе ја споделува својата технологија и искуство со странските партнери. Извозот на оружје, особено по руската инвазија врз Украина, стана еден од најбрзо растечките сектори на јужнокорејската економија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Премиерот на Канада: Ако Нетанјаху влезе во нашата земја, ќе го уапсиме

C +

Виткоф: Обновата на Газа ќе чини околу 50 милијарди долари

C +

Зеленски: Подготвен сум да им се придружам на Трамп и Путин во Будимпешта

C +