Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
СВЕТ

Објавенo што сè е украдено во неверојатниот грабеж во „Лувр“: спасена круната на царицата Евгенија

Музејот Лувр во Париз вчера утрото беше местото на еден од најспектакуларните и најдрските грабежи во неговата историја. За само седум минути, околу 9:30 часот наутро, група неидентификувани крадци провалија во галеријата Аполо, простор познат по изложбата на кралски накит, и украдоа осум непроценливи историски накити.

Според официјалното соопштение од француското Министерство за култура, целта биле две високо-обезбедени витрини во кои се чува накит од колекциите на француските кралици и царици.

„Осум парчиња накит беа исчезнати, вклучувајќи тијари и ѓердани од кралските колекции“, соопшти министерството. Деветтиот предмет, круната на царицата Евгенија, која Лувр ја опишува како „симбол на сјајот на Второто Царство“, сепак беше зачуван. Круната подоцна беше пронајдена во близина на познатиот музеј, заедно со нејзината кутија. Таа беше оштетена во грабежот.

Според информациите објавени од париската обвинителка Лаура Бекуо, крадците пристигнале со сопствена опрема, вклучувајќи мобилен кран, или платформа, што ја користеле за да се искачат до прозорците на галеријата. Тие сами ја влечеле платформата, само неколку минути пред провалата, а потоа ја напуштиле додека бегале.

Француското Министерство за култура потврди дека се украдени осум предмети, додека адвокатот Бекуау откри детален список на скапоценостите на BFMTV.

Што е украдено
Пленот, кој историчарите го нарекуваат „непроценливо парче од француската историја“, вклучува скапоцености од неколку кралски колекции:
Од колекцијата на Мари-Луиз, сопруга на Наполеон Бонапарта: ѓердан и пар обетки со смарагди.
Од колекцијата на кралиците Мари-Амели и Хортенза: тиара, ѓердан и пар обетки од сет со сафири.
Од колекцијата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III: два броша (од кои едниот е реликвијар), декоративен јазол за корсет и тиара.

Според извори блиски до истрагата, крадците се обиделе да ја земат и круната на сопругата на Наполеон III, царицата Евгенија, но ја оставиле во брзањето. Круната, висока 13 сантиметри и широка 15 сантиметри, содржи дури 1.354 дијаманти, 1.136 розети и 56 смарагди. Ја изработил познатиот париски јувелир Александар-Габриел Лемоние за Светскиот саем во 1855 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Премиерот на Канада: Ако Нетанјаху влезе во нашата земја, ќе го уапсиме

C +

Виткоф: Обновата на Газа ќе чини околу 50 милијарди долари

C +

Зеленски: Подготвен сум да им се придружам на Трамп и Путин во Будимпешта

C +