На 18.10.2025 во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишија од слобода лице(30) од Крива Паланка. Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека мажот е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.