18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ВМРО ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Венко нека се држи до медицината

„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се држи до тоа до коешто е добро, а тоа е неврохирургијата, односно лекарскиот занает. Неговите претходници ми држеа лекции, па видовме како завршија, ако било толку добро, а тоа е од 2022 надвор од владата, тогаш немало тие да бидат во дебела опозиција и со оние бројки како што ги имаат сега и во парламентот и генерално во јавното мислење. Но, повторно она коешто тој го кажува е акт дека не е вистина“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител телевизија во Тема на денот.

Мицкоски нагласи дека во владите на СДСМ во 2022 и 2023 година, буџетскиот дефицит не бил под 5-5,5%, а во однос на инфлацијата, како што вели тој сега е под 4%, додека за време на владеење на СДСМ била двоцифрена и достигнуваше во 2022 година 14,2%.

„Вчера спомена, а и во прес-конференцијата дека буџетскиот дефицит до крајот на годината ќе биде една милијарда и 400 милиони евра. 15-ти октомври, значи 2 и половина месеци пред да заврши оваа година буџетскиот дефицит е 560 милиони евра. 40% од тоа што тој го кажува како проект. А до крајот на годината може максимум да дојде еве до 600-650 милиони евра, и да ги следи капиталните инвестиции. Тоа е 3,4% од БДП. Во владите на СДСМ 2023,2022, ајде 2021 и 2020 не ги сметаме тогаш сè уште беше короната, еве ќе ги оставиме“, кажа Мицкоски и додаде:

„2022, 2023 тие немаат година под 5, 5 и пол% буџетски дефицит. Зборува за инфлацијата многу биле високи 4%. Од јануари до септември се 4% до крајот на годината убеден сум дека ќе ја видиме 3ката, а следната година ќе бидеме помеѓу 2 и 3%, што е најниско во регионот. Ајде да видиме како било 2023. 9,4%. Како било 2022, 14,2%. Сега 2022 14,2% е малку, 2023 9,4% е уште помалку, а 2025 под 4% е многу“.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО ПОВТОРНО СЕ МЕНУВА: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

До 15:30 часот гласале 5385 немоќни лица и 810 затвореници

ДЕСК

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК