18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot / МВР видео
МАКЕДОНИЈА

Полицијата тргна во акција: Серија апсења во Велес

На 16.10.2025 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа лице(44) од Велес, кој бил баран по потерница брз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

На 16.10.2025 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа лице(33) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Исто така, во Велес во 16:15 часот приведен е лице(39) од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казните.

Можеби ќе ве интересира

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

C +

Гласаат болните, немоќните и затворениците

ДЕСК

Сообраќајка на патот Охрид – Ресен, има повредени

ДЕСК