17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

На 15.10.2025 во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности.

Притоа, на местото при извршување работни задачи се затекнати 39 работници од Албанија на возраст од 20 до 65 години. Тие се приведени затоа што е констатирано дека не биле пријавени како работници односно го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави за нив и за сопственичката на правното лице.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК