17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на Русија во Украина, објави „Киев Индепендент“. Од тој број, за 96 се знае дека загинале или исчезнале во акција.

Бројките доаѓаат кратко откако САД објавија декласифициран меморандум за кубанската поддршка за руската инвазија, во кој се наведува дека „се проценува дека од 1.000 до 5.000 Кубанци се борат во Украина“. Информациите на украинската служба се совпаѓаат со долната граница на американската проценка, но исто така нудат подетален поглед на процесот на регрутирање.

ХУР тврди дека кубанските борци минуваат само две недели обука во центарот „Авангард“ во Московскиот регион пред да бидат испратени на фронтот. „Во „Авангард им се даваат воени униформи и се подложуваат на физичка обука, тактичка медицина и обука за беспилотни летала“, соопшти ХУР. „Огромното мнозинство од нив ги извршуваат функциите на стрелци и напаѓачки трупи како дел од пешадија, моторизирана пешадија или напаѓачки чети“.

На 11 октомври, како одговор на американско меморандум, кубанското Министерство за надворешни работи негираше каква било вмешаност во војната, обвинувајќи ги САД за изнесување „лажни обвинувања“.

„Неспорно е дека никој од нив нема поттик, обврска или согласност од кубанската држава за своите постапки“, се вели во соопштението на Министерството, кое негираше дека земјата испратила војници во војна.

Информациите споделени од ХУР сугерираат дека некои кубански граѓани биле измамени. Тие се намамени со ветувања за профитабилни работни места во градежништвото преку реклами на социјалните мрежи да патуваат во Русија. Нивното патување го организираат „приватни посредници“, а руските дипломатски институции им издаваат туристички или работни визи.

„По пристигнувањето во Руската Федерација, на регрутите им се нудат договори за воена служба напишани на руски јазик без превод, наместо договори за вработување“, соопшти ХУР.

Од почетокот на инвазијата во 2022 година, Москва регрутира странски борци од земји како Непал, Сомалија, Индија и Куба. Според HUR, Кубанците се петтата најголема странска националност што се бори за Русија, по Узбекистан, Таџикистан, Казахстан и Белорусија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

C +

Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

C +

Израел ќе го отвори главниот граничен премин Рафа

C +