Centar.mk
СВЕТ

САД бараат од НАТО повеќе пари за оружје за Украина

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, ги повика сојузниците во НАТО да го зголемат финансирањето за купување американско оружје за Украина по падот на воената помош во јули и во август.

„Мир се постигнува кога сте силни, не со зборови, туку со способности што противниците ги почитуваат“, изјави Хегсет пред состанокот во Брисел.

Тој побара поголеми вложувања во програмата ПУРЛ, преку која се финансира набавката на оружје за Киев. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека веќе се обезбедени две милијарди долари, иако тоа е помалку од очекуваните 3,5 милијарди.

Шведска, Естонија и Финска најавија нови донации, а Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија се соочуваат со критики поради воздржаноста. Украина и понатаму во голема мера зависи од американското оружје додека се подготвува за уште една зима од војната со Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пристигна предупредување од членка на НАТО: „Доаѓа моментот кога ќе мора да соборуваме руски авиони“

ДЕСК

Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје

C +

Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица

C +
error: Соддржината е заштитена.