16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 3.9 % во август 2025 година во однос на август 2024 година

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на август 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %, Капитални производи за 5.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 14.6 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %, информираше Државниот Завод за Статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на јули 2025 година, бележи опаѓање од 20.9 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 6.7 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи опаѓање од 0.7 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање од 5.8 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 8.5 %.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Светската банка останува силен партнер во спроведувањето на реформите и забрзувањето на економскиот раст

ДЕСК

КУПУВАЈТЕ ДОДЕКА Е БАГАТЕЛА: Шнолите, играчките и гаџетите од “Тему” и “Али експрес” ќе се даночат со 18 отсто најверојатно по изборите

ДЕСК

Управниот одбор на Стопанската Комора на работна средба со агенција за иновациии, научно-технолошки развој и претприемништво- Инова

ДЕСК