16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт нашите граѓани имаат најскап живот во регионот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција говорејќи за алармантните економски показатели, предуреди дека животот во Македонија е најскап во државите во регионот, цените постојано растат, инфлацијата не сопира, а власта упорно се обидува да манипулира со податоците.

„Не можеме да ја игнорираме инфлацијата. Владата се фали со –0,2% месечна инфлација, користејќи споредби месец на месец, кои звучат убаво, но немаат никакво значење за потрошувачката кошница, за семејниот буџет, за плановите на бизнисите. Реалната годишна инфлација е околу 4%, и таа се чувствува секој ден, имаме најскап живот од сите држави во регионот“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче предупреди дека речиси сите податоци укажуваат на алармантна состојба на буџетот и економската состојба во државата.
Реализацијата на приходите 70,78% или 256,5 милијарди денари, а на расходите 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Со ова темпо до крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци, што како кажа Филипче е фрапантна буџетска дупка, која ќе треба да се покрие со задолжување.Странските инвестиции исчезнуваат, реализацијата на капиталните инвестиции е само 43,78% од предвидените средства, а со сегашното темпо на задолжување Македонија е прва задолженост во Западен Балкан.

„Затоа, денес, го поставувам наједноставното, но најважно прашање за оваа власт: каде е планот? Како Владата планира да ја покрие буџетската дупка од 1,4 милијарди евра до крајот на годината? Каде се капиталните проекти што беа најавувани? Каде е стратегијата за наплата на приходите, за стабилност, за инвестиции?“, рече Филипче.

Тој нагласи дека економијата не се води со лажни бројки и ПР кампањи.

„Економија се води со одговорност кон секој денар, со сериозна стратегија, со стабилност и со план. Ништо од тоа не гледаме од оваа влада. Ако не постои јасна стратегија, ако реалноста се прикрива со лажни индикатори, тоа јасно укажува дека на среден и долг рок оваа власт ќе го столчи и стандардот и економскиот развој“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК