Минималната плата во Македонија ќе остане на сегашното ниво од 400 евра сè до март 2026 година, кога повторно ќе се изврши редовното усогласување според законската формула. Ова значи дека во текот на 2025 година нема да има ново зголемување на минималецот, освен ако не дојде до политичка одлука или нов договор во рамките на Економско-социјалниот совет.
Според Законот за минимална плата, усогласувањето се врши секоја година во март, врз основа на растот на трошоците за живот и продуктивноста на економијата. Иако инфлацијата и животните трошоци пораснаа значително во последните две години, минималната плата повторно ќе се коригира дури наредниот март, како што е предвидено со законот.
Синдикатите, од друга страна, реагираат дека работниците тешко го издржуваат ценовниот притисок и бараат најниската плата да се усогласи уште на почетокот на 2025 година, пред март.
Србија и Албанија ја корегираа минималната плата над 500 евра
Додека кај нас минималецот мирува, во Србија и Албанија се донесени одлуки за зголемување на минималецот за над 500 евра.