14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата, соопшти Филипче

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол донесе хаос и сиромаштија“, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Виница.

Филипче посочи дека најголемата измама им се случи на граѓаните на парламентарните избори лани.

„ВМРО-ДПМНЕ ветуваше гордост и достоинство, донесоа сиромаштија, хаос и неизвесност. ВМРО-ДПМНЕ се фали со „стабилност“, а народот не може да го помине месецот. Државата е во стагнација, нема економски раст, инфлацијата го слабее стандардот, а платите не се зголемуваат. Се доцни со исплата на ДДВ, субвенциите за земјоделците каснат, инвестициите на рекордно ниско ниво“, рече Филипче.

Говорејќи за животниот стандард, Филипче укажа дека со сегашните ниски плати, високи стапки на инфлација, младите не гледаат перспектива во својата татковина.

„Нема достоен живот кога Македонија е претпоследна во Европа според висина на минимална плата со многу ниска куповна моќ. Младите заминуваат – не затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што таа не им нуди перспектива. Со оваа ненародна власт животот е сè потежок за сите“, рече Филипче.

Сите ние како што кажа Филипче ја чувствуваме раката на погрешна државна политика, каде кадрите на ВМРО-ДПМНЕ низ локалните и централните нивоа создаваат синџир на неспособност и безредие.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.