13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со Ванчо Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот!

„Да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, да се избориме за иднината на нашите деца и да го вратиме Зрновци на патот на развојот“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Зрновци.

Филипче нагласи дека Зрновци заслужува повеќе и подобро, СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ванчо Митев, нудат план за реален развој на општината, со подобар квалитет на водата за пиење, изградба на мини брана на реката Зрновка, стационар за кучиња, уредување на кејот и пешачки зони, мерки за младите и инвестиции во образованието.

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Зрновци, предводена од Борчо Коцев, четири години ветуваше многу, а не реализира ниту еден значаен проект. Нема подобрување на социјалната инфраструктура, нема развој на туризмот, водоводната мрежа е дотраена, го нема ветениот комплекс за млади, ниту пречистителна станица“, рече Филипче, додавајќи дека Ванчо влезе во борбата за Зрновци, затоа што знае дека заедно со советниците од СДСМ, може да ја промени оваа тажна слика.

Филипче нагласи дека СДСМ е подготвен е да го прекине уништувањето на општините и државата, да го зачува сработеното и да продолжи со создавање услови за достоинствен живот за сите.

„Ние се бориме за локална власт што ќе биде сервис, а не трофеј. За глас што штити, а не што се злоупотребува. На претстојните избори на 19 октомври, граѓаните имаат можност да ја испратат пораката доста е! – државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир во Зрновци.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.