13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-БИЗНИС

ИНОВА И ССК со ново партнерство кон зајакнување на македонскиот еко систем

Со цел унапредување на деловното окружување и поттикнување на иновацискиот и технолошки развој во земјата, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпишаа Меморандум за соработка.

Ова партнерство претставува значаен чекор во градењето на систем кој ќе ги поврзе иновативните решенија со реалните потреби на стопанството. Преку заеднички активности, ИНОВА и ССК ќе делуваат во насока на:
• поддршка на стартапи, мали и средни претпријатија,
• поттикнување на иновации и индустриски истражувања,
• развој на дигитални и технолошки решенија,
• зголемување на конкурентноста на домашните компании,
• подобрување на пристапот до национални и европски фондови,
• меѓународна промоција и вмрежување со регионални и глобални иновациски хабови, како и
• едукација и развој на кадри со претприемнички и иновациски вештини.

Преку оваа соработка ќе се овозможи поблиска врска меѓу универзитетите, приватниот сектор и државните институции, со цел создавање на одржлив иновациски и технолошки екосистем во Македонија.

Двете институции ќе работат на развивање и имплементирање на конкретни проекти и програми за поддршка на претпријатијата, особено на оние со потенцијал за раст, извоз и зелена трансформација.

ФОТО ССК

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

ДЕСК

Финансиската писменост е важна животна вештина за сите

ДЕСК

Филипче: Со Ванчо Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.