13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Соопштение на СДСМ:

Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања – толку очајна, што дури и чистењето на ѓубрето им пречи.

ЗНАМ и Мемов сега ги напаѓаат акциите за чистење на депониите и уредување на јавниот простор во Центар, нешто што директно ги подобрува условите за живот на сите граѓани.

Најновата лага од нивната кујна е дека чистењето на дивата депонија во Крњево и предвидените проекти таму не можеле да се реализираат. По барање на самите жители општината ја исчисти и таму ќе има игралишта, урбана опрема и зеленило.

Мемов зборува за урбанизам, а не ги разбира основите. Општината реализира проекти според важечките ДУП-ови каде овој проект е предвиден и ќе се реализира. Во обид да се прикаже дека нешто откриле, Мемов и ЗНАМ демонстрираа врвно непознавање на процедурите и законите на локалната самоуправа.
Жално е што наместо да понуди конкретни решенија или проекти, Мемов се фати за прес-конференции полни со обвинувања и празни зборови, додека Центар се расчистува, уредува и се трансформира. Секој ден на терен работат екипи на општината и го чистат сметот кој дури не е надлежност на самата општина. Секој ден се гледаат резултатите и ова го боли ЗНАМ.

Најлесно е да се напаѓа од страна а многу потешко е да се сработи. Герасимовски сработува, она што го ветил, тоа и го реализира.

Граѓаните на Центар не се наивни. Тие гледаат кој стои зад вистинска работа и реални проекти, а кој се обидува да дојде до фотелја со клевети и манипулации.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Клучката кај Момин Поток е еден од врвните приоритети, затоа на 19 октомври да гласаме за број 9 за решавање на проблемите на граѓаните на Скопје

ДЕСК

Алиу-Дрекслер: Со Германија имаме традиционално успешна соработка, посебна благодарност за поддршката во лекувањето на повредените од Кочани

ДЕСК

Во раце на полицијата паднаа двајца инспектори – едниот уништувал докази за да си го спаси уапсениот син

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.