13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Сретен Стојковски од Коалицијата за зелена иднина: Потенцијалот на Куманово нема да се распарчува со импровизации

Носителот на листата на советници на Коалицијата за зелена иднина во општина Куманово, м-р Сретен Стојковски, во видео-обраќање зборува за нови стандарди во локалното управување, како што се фер правила, транспарентност и зелени политики што служат на граѓаните.

„Во Куманово знаеме дека чистата општина почнува со чиста совест — со правила што важат за сите и со почит кон секој човек,“ истакнува Стојковски, додавајќи дека општината мора да се води од јавниот интерес, а не од привилегии.

„Општината не е каса за привилегии, напротив, треба да ја изградиме во заеднички зелен дом“, вели Стојковски.

Стојковски упатува и една од клучните пораки на коалицијата: „Нашата порака е јасна: Заедно до зелено и чесно Куманово.“
Тој нагласува дека како член на истиот состав на Советот ќе се спротивстави на партиски контролираните локални практики.

„Не прифаќаме општина зад паравани и партиски списоци. Бараме јавно управување, трага на секоја општинска одлука и отчет што се гледа за секој потрошен општински денар“, порачува Стојковски.

На крајот од обраќањето Стојковски испраќа порака за достоинствено секојдневие и одржлив развој на општина Куманово.

„Куманово има потенцијал што не смее повеќе да се распарчува со импровизации. Наместо цинизам, нудиме достоинство во секојдневието на кумановци и кумановки — почиста животна средина, култура на одговорност и инклузија како норма, а не како исклучок. Коалицијата за зелена иднина стои покрај вас. Нашата амбиција и цел е Куманово да го направиме место за живеење, а не за преживување“, порачува м-р Сретен Стојковски, носител на листа за советници на Коалицијата за зелена иднина во општина Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Утре и задутре сообраќајот на овие сообраќајници ќе биде ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ!

ДЕСК

Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

ДЕСК

Шукова: Враќање на природниот сјај на Вардар, заштита на екосистемот и корекција на штетните интервенции

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.