Изјава за медиуми, Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром:
Почитувани сограѓани,
Четири години ВМРО-ДПМНЕ, Митески и Муцунски раководат со Општина Аеродром и четири години гледаме само разочарувања, незаинтересираност и неисполнети ветувања.
Ветуваа многу, „хумана урбанизација“, 100.000 квадратни метри ново зеленило, 3.000 нови паркинг места, 4 нови градинки, таблет за секое дете, смарт табли во секоја училница…
А што добија граѓаните?
Запуштени паркови, треви до колена, ѓубре на секој чекор и буквално ниту метар ново зеленило.
Ниту едно клучно ветување не е реализирано!
Ветени 4 нови градинки – ниедна не е изградена.
Ветено зголемување на помошта за новороденчиња – ништо од тоа.
Ветена нова гимназија – не е ни започната.
Од ветените 6 кружни текови – ниту еден не изграден.
Од 3000 паркинг места – само две мали паркиралишта.
„Вело-дромот“ и велосипедските патеки на секоја улица?
Само празни зборови.
Ветија гасификација, еко-полиција, фонд за реконструкција на фасадите – и сè тоа исчезна веднаш по изборите.
Драги сограѓани,
време е да ставиме крај на лагите и неработењето.
Време е управувањето со Аеродром да го довериме на чесни, посветени и одговорни луѓе.
Време е за промена што ќе донесе резултати и вистински развој.
Аеродром заслужува повеќе – зелена, функционална и современа општина во која ќе живееме со гордост.
Аеродром е нашиот дом – и време е повторно да го изградиме заедно.