9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат на буништето на историјата

Во вчерашната дебата за визијата за Струга на ТВ 21 биле повикани само двајца кандидати за градоначалници за да гги изнесат своите ставови за решавање на урбанистичкиот хаос во градот. Кандидатката за градоначалник од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи реагираше на ваквата селективност, но и на искажаните „визии“ на кандидатите.

„Едниот кандидат, (како сопственик на градежна компанија), ќе го ‘решавал’ урбанистичкиот хаос во Струга, додека неговата фирма непречено 20 години го бетонизира струшкото крајбрежје (со сомнителни легализации). Штета што не можевме да слушнеме каков е неговиот став за 7.000 дивоградби во Струга“, напиша Мојсоска.

Во однос на вториот кандидат, поддржан од партијата на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, Мојсоска посочи на контрадикторноста во неговите заложби: „Другиот кандидат ќе ги решавал проблемите што ги создаде главниот султан во Струга, човекот кој додека градот се иселуваше, неговото богатство го вброи меѓу 10-те најбогати градоначалници во Македонија“.

Мојсоска порача дека граѓаните на 19 октомври имаат можност да стават крај на истите политички лица кои со години даваат празни ветувања без реални резултати: „Ако и вам ви е преку глава од истите празни флоскули и нереализирани ветувања, време е овие истрошени политичари да ги испратиме на буништето на историјата“.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК