Во текот на вчерашниот ден, по обилните врнежи од дожд, настана оштетување на тротоарот на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, од десната насока. Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба, соопшти Општина Битола.
Од утринава, на терен се стручни екипи кои вршат теренска проверка со цел да ги утврдат причините за настанатата штета.