3. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со нови обвинувања за скандали за власта

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да го пушта редовниот лажго, Бране Петрушевски, може да штанца соопштенија со лажни обвинувања за СДСМ ама не може да побегне од вистината: половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши а тој и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси.

Тие водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се богатат, граѓаните ги оставаат во сиромаштија.

Да потсетиме, фотографии од ручеци и средби со бугарскиот олигарх Волканов има Христијан Мицкоски, нема Венко Филипче. Токму Волканов, кој ја загадува Крива Река е пријател на Мицкоски, не на СДСМ. Токму во неговите фирми директори се функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се нивните вистински интереси, тоа се нивните вистински бизнис зделки.

СДСМ се бори за државата а ВМРО-ДПМНЕ за своите бизни интереси, тоа е голема разлика.

СДСМ останува посветена на иднината на нашиот дом – Македонија!

Можеби ќе ве интересира

Аеродром и натаму без објект за гимназија

C +

Ужас во Скопје: Скопјанец претепан во Драчево, се здобил со тешки повреди

ДЕСК

Судир меѓу возило на странска амбасада и цитроен со скопски таблици

ДЕСК