3. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, извести МФ.

Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реазираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки.

Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е трансфериран кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра.

Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка, соопшти Министерството за финансии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди

C +

Познато е кога следува наредното покачување на пензиите од 1.000 денари линеарно – Дали пензионерите ќе бидат задоволни?

ДЕСК

Халкбанк со нова кредитна линија од 12 милиони евра за одржливо земјоделство

C +