Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Прогноза за 04.10.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со умерен, наместа засилен ветер претежно од северен правец.
Прогноза за 05.10.2025
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Прогноза за 06.10.2025
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.