2. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче и СДС во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и СДС навистина треба да престанат да говорат за економската политика во државата, за да не се срамат. Тие во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивно време, како што нагласуваат од владејачката партија, пензиите се зголемуваа за 150 денари, граѓаните живееја со 150 денари на ден, земјоделците не добиваа субвенции, вработени не земаа плати со месеци, инфлацијата беше над 20%, платите стагнираа, секојдневно имаше протести од синдикати, вработени, пензионери, студенти, кои беа на маргините во тоа време.

„Да не го заборавиме и јавниот долг кој достигна над 60%, невратените еврообврзници, како и делот дека во нивно време се богатеа само функционери, а народот немаше за основни потреби.

Сега имаме вистинска промена, платите се зголемени во здравството, културата, социјалата, образованието, полицијата, администрацијата и други општествени сфери. Земјоделците добиваат навремени субвенции, вработените добиваат навремено плата, инфлацијата е ниска, дури пониска од онаа европската просечна, јавниот долг континуирано се намалува, пензионерите добиваат 7000 денари, се отвораат работни места, нови можности за бизнисите, поддршка на младите и многу други проекти кои се од круцијално значење за граѓаните“.

Изборот, како што истакнуваат од оваа партија е повеќе од јасен на овие избори.

„Или одбираме долгови, ниски плати а висока инфлација, граѓани оставени на маргините, или одбираме вистинска промена со високи плати а ниска инфлација и граѓани кои се вклучени во секој дел од одлучувањето“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Костова: Бројот на работници во индустријата намален за 2,6% – лоши политики на Мицкоски и ДПМНЕ

C +

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

C +

Филипче од Куманово: Со СДСМ и Костовски пазарот ќе се реконструира, нема да се продава

C +