Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, и порача таа да остане чесна и работлива затоа што зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје.
„Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. Осветли ги и направи ги побезбедни за децата да можат спокојно да одат до училиште. Среди ги и паркинзите да има повеќе паркинзи, среди ги најпотребните раскрсници. Сите знаеме кои се тие. Среди го кејот, да не личи на некоја запуштена џунгла. Кеј на кој што сите ќе одиме и на кој ќе може да спортуваме. Едноставно врати му ја душата на Скопје“, и порача Филипче на кандидатката за градонаалничка Каја Шукова.
Притоа тој истакна дека нејзината програма не е само политички документ туку план за чист град и достоинствени граѓани правен на база на анализа од тим на есперти кои се залагаат за вистинска грижа за градот.
„Програмата на Каја не е само политички документ. Ова е резултат на работа, на анализа, на вистинска грижа за град. И Каја не е сама, со неа се искучителни кандидати за Советот на град Скопје, експерти, активисти, луѓе што знаат, можат и умеат. Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата. Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, рече Филипче на промоција на исборната програма.
На крајот, тој испрати апел до граѓаните на 19 октомври да излезат и гласаат и да не дозволат некој друг да одлучи за судбината на градот.
„Гласот за Каја Шукова е глас за модерно, чисто и функционално Скопје“, заврши тој.