24. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Москва се плаши од Америка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „турне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Киев е „во позиција“ да ја врати целата своја територија изгубена од Москва.

„Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од Америка и секогаш ѝ обрнува внимание“, изјави украинскиот претседател пред Советот за безбедност на ОН.

Трамп претходно напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека верува оти Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја зазеде од почетокот на инвазијата.

„Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, оригиналните граници од почетокот на војната се многу добра опција“, рече Трамп, кратко по состанокот со својот украински колега. Русија контролира околу една петтина од украинската територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим на Црното Море, кој нелегално го анектираше во 2014 година.

Зеленски рече дека Кина, ако сака, може да ја принуди Русија да ја заврши војната во Украина. „Без Кина, Русија на Путин е ништо. Сепак, Кина премногу често молчи и се држи настрана наместо да дејствува за мир“, заклучи украинскиот лидер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Зеленски е голем човек, НАТО треба да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор

C +

Макрон во ОН: Живееме во парадоксален момент

C +

Трамп: Украина може да врати сè што изгуби, можеби и повеќе! Путин е во голема неволја

C +