23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Полска до Русија: Предупредени сте

Русија не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони се соборени откако влегле во воздушниот простор на НАТО, ја предупреди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, Москва.

Сикорски зборуваше на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк вчера. Самитот беше свикан откако три руски воени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор на 12 минути, на 19 септември пред да бидат пресретнати од италијански авиони Ф-35.

„Имам само едно барање до руската влада: Ако друга ракета или авион влезе во нашиот воздушен простор без дозвола, намерно или по грешка, и биде соборен, а остатоците паднат на територијата на НАТО, ве молам не доаѓајте тука и не се жалете за тоа. Предупредени сте“, нагласи Сикорски.

Упадот во Естонија се случи откако руски беспилотни летала завршија во Полска и Романија претходно овој месец, ставајќи го НАТО во состојба на висока готовност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бил Гејтс донира 912 милиони долари во борбата против три болести

C +

НАСА избра нови астронаути: „Се враќаме на Месечината“

C +

Шведскиот министер до Русија: Имаме право на вооружен одговор без предупредување

C +