23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште активни пожарите на Кожуф, во Македонски Брод и во Студеничани

На ден 22/23.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола и изгаснати се 23 пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Сѐ уште се активни пожарите на Кожуф планина, кај село Пeтрово каде гори букова шума; потоа пожарот во Македонски Брод над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат и во Општина Студеничани помеѓу селата Цветово и Драчевица, каде гори шума.

Под контрола се пожарите во село Трубарево (електричен отпад); во село Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума); во село Батинци (ниска вегетација и мешана шума); и во Општина Демир Хисар на Градската депонија каде гори отпад./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Понижување на народот, власта се гоштева со бадеми и фстаци а граѓаните се оставени сами со скапотијата

C +

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа – Јаневска да понесе одговорност

C +

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип

C +