САД вчера ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која ќе се бараше итно, безусловно и трајно прекинување на огнот во Газа и укинување на сите израелски ограничувања за помош на палестинската енклава.
Текстот на резолуцијата, изготвен од 10 избрани членови на 15-члениот совет, исто така бара итно, достоинствено и безусловно ослободување на сите заложници што ги држат Хамас и други групи.
Текстот доби 14 гласа „за“, но тоа беше и шести пат САД да стават вето.
„Гладот во Газа е потврден – не проектиран, не деклариран, туку потврден“, изјави данската амбасадорка во ОН, Кристина Маркус Ласен, пред Советот пред гласањето.
„Во меѓувреме, Израел ја прошири својата воена операција во градот Газа, дополнително продлабочувајќи го страдањето на цивилите. Како резултат на тоа, токму оваа катастрофална ситуација, овој хуманитарен и човечки неуспех, нè принуди да дејствуваме денес.“
Соединетите Американски Држави традиционално го штитат својот сојузник од Блискиот Исток, Израел, во Обединетите нации./Извор:Makfax