27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МДТ / 27.08.2025
-МАКЕДОНИЈА

Андоновски и Владев официјално го отворија Центарот за услуги „ЕТУ Свети Николе“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, официјално го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги, наменет за граѓаните на Свети Николе и околината.

„По иницијатива на градоначалникот Дејан Владев, денеска сме во Свети Николе да го отвориме новиот Центар за услуги. Успеавме да отвориме канцеларија за доста кратко време, која со своите тројца вработени ќе нуди над 300 административни услуги за граѓаните и правните лица во Свети Николе. Сите граѓани кои немаат можност или не знаат самостојно да аплицираат за одредена услуга преку порталот, може да се обратат во канцеларијата за услуги“, изјави Андоновски.

Министерот додаде дека во моментов се актуелни две услуги: аплицирањето за дозвола за оружје и ваучери за ИКТ-уреди за студенти, за што е потребно да се креира кориснички профил и, со лична идентификација, да се подигне нивото на Системот за единствена најава (СЕН).

На прашање за извештајот на Државниот завод за ревизија во врска со Системот за интегрирано планирање на ресурсите (ИПР-систем), министерот одговори:

„Системот, за жал, две години бил оставен без одржување. По склучувањето на договорот во јануари годинава, почнавме со спроведување на сериозен акциски план за надминување на недостатоците. Направени се безбедносни тестирања и заштита на корисниците и на податоците, а сега се тестира и поврзувањето со официјалните службени адреси за електронска пошта на сите корисници. Со завршувањето на овој пакет, ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме. Овој систем ќе им биде достапен на институциите и надвор од СОЗР — агенции, општини — кои материјално-финансиското работење сѐ уште го вршат хартиено, „пешки“, преку електронска пошта. Сега тоа ќе може да се врши преку нашиот систем.“

Тој најави и дека системот ќе биде поврзан со трезорското работење.

„Оваа недела го тестиравме во нашето министерство. Нам веќе не ни се потребни сметководителите од СОЗР, затоа што нашите вработени во Секторот за финансии сами ги прават пресметките. Во следната фаза би сакал, со цел оптимизирање на работата на СОЗР, секоја институција или министерство самостојно да ги прави пресметките. Се надевам дека со развивањето на овие модули уште повеќе ќе ја подобриме работата на системот“, истакна Андоновски.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, се заблагодари за одличната соработка со Министерството за дигитална трансформација, која резултирала со отворањето на овој Центар за услуги, кој, според него, ќе им ја олесни работата на сите граѓани на Свети Николе да ги користат можностите што ги нуди ова министерство.

фото МДТ

Можеби ќе ве интересира

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК