27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Зад обвинувањата за дестабилизација, Мицкоски го крие неуспехот на сопствените политики

„Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа“, рече денеска Венко Филипче претсседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на партијата.

Филипче тврдењата на премиерот ги оценува како неуспех од водењето на сопствените политики и немањето капацитет да се води државата.

„Причината е јасна, едноставно, тој нема со што да се пофали. Нема ниту еден успех кој може да го презентира, нема никаква добра политика. Сите гледаме што се случува во економијата – постои криза во буквално секој сектор. Евроинтегративниот процес е целосно заглавен, земјата назадува во поделби и меѓунационални тензии, што е исклучиво резултат на политиката што ја води оваа влада. Нема напредок ниту во образованието, ниту во земјоделството. Сите добри мерки и политики практично престанаа. Премиерот нема што друго да направи, освен да се обидува да создава впечаток дека постојат сценарија за дестабилизација“, изјави Филипче.

Притоа тој повтори дека ниту постои сценариот за дестабилизација, ниту размислуваме да постои. Потенцирајќи дека фокусот на партијата е насочена на борба со сите демократски механизми и инструменти против оваа ненародна и антидржавна власт.

Можеби ќе ве интересира

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК