27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки за како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата.

„Јас го слушам примерот како дава насоки како да работеле градоначалниците и сметам дека тоа е многу погрешно. Сметам дека тоа доведе Скопје да стане страшно валкан и едноставно неубав град за живеење со нивната градоначалничка, Данела Арсовска, од која понатаму во текот на мандатот се обидоа да се дистанцираат, но јасно е дека не им успеаја диловите, па затоа и се скараа. Јас давам гаранција дека сите градоначалници на СДСМ ќе работат чесно и одговорно, со целосна поддршка и гаранција од мене и од партијата“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче истакна дека СДСМ на претстојните локални избори настапува со постојната коалиција, со најдобрите кандидати кои уживаат кредибилитет во своите средини. Тие се подготвени да излезат пред граѓаните со реални и остварливи програми, големи развојни планови за крупните општини и микро-планови за решавање на секојдневните проблеми во помалите средини.

Во однос на вториот изборен круг, тој најави разговори и со партии од албанскиот блок.

Претседателот на СДСМ изрази жалење што власта не успеа да обезбеди мнозинство за измените на Изборниот законик. По одлуката на Уставниот суд со која беа укинати два члена, остана нерегулирано прашањето за независните листи на кандидати, што може да предизвика хаос и да ги загрози независните кандидати.

„ Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати.

„Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните“, потенцира Филипче.

Претседателот на СДСМ најави дека СДСМ ќе води позитивна кампања.

„Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат“, истакна Филипче.

Тој потсети дека сите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ од 2024 година останаа неисполнети.

„Ништо од тоа не е реализирано. Требаше да имаме подобри услови за преговори со Европа, но тоа не се случи. Албанија и Црна Гора не претекнаа, додека стандардот во Македонија стагнира. Не смееме да дозволиме повторно да се врати политиката на лажни ветувања,“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК