27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Марковски како кандидат за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија

Граѓанската платформа „Независни заедно“ на денешниот промотивен настан и официјално ја објави кандидатурата на деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Горан Марковски, за градоначалник на град Скопје на претстојните локални избори.

Промоцијата ја отвори Јана Белчева-Андреевска, кандидатка за советничка за Град Скопје, која истакна дека по години гледање како се нижат проблеми, се губат и запустуваат јавни простори и јавни објекти, како горат и исчезнуваат пред нашите очи објекти со вредност и значење, има шанса за промена.

„Скопје е во агонија. Потребна му е визија ослободена од корупција, култура наместо популизам, стандарди наместо импровизации. Оваа моја кандидатура е повик за заедничка борба за град што ќе им служи на граѓаните, а не на тесни интереси“, истакна Марковски.

Посочи дека Скопје денес се соочува со сериозни предизвици – загаденост, урбан хаос и изгубен идентитет – и нагласи дека потребни се нови решенија, кои ќе донесат надеж, особено за младите.

„Го почнувам овој пат од Камениот мост – симболот на поврзување и заедништво. Убеден сум дека со широка граѓанска поддршка можеме да изградиме град што ќе биде вистински европски дом, место со кое ќе се гордеат сите скопјани“, додаде тој.

Од „Независни заедно“ порачаа дека Марковски е личност со докажан професионален интегритет и долгогодишно искуство, кој зад себе има голем број реализирани проекти и генерации воспитани инженери. „Време е Скопје да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од платформата.

Марковски истакна дека Скопје мора повторно да стане симбол на заедништво и поврзување, а вистинската промена може да се постигне единствено преку активни граѓани и независни личности, кои ќе изградат силни институции и здрава демократија.

„Независни заедно“ е широка граѓанска платформа, која ги обединува независните советници и локалните иницијативи од неколку скопски општини -„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Покрај град Скопје, платформата веќе објави дека цели на победа и во општина Центар, каде што ќе ја поддржи кандидатурата на истакнатата антикорупционерка Билјана Ивановска. „Независни заедно“ произлезе како одговор на разочараноста од традиционалните политички партии и има цел да ја врати локалната власт во рацете на граѓаните. Платформата ги повикува сите скопјани, поединци и групи, да се приклучат и заеднички да изградат нов модел на управување – чесен, стручен, транспарентен и посветен на јавниот интерес. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот“, појаснуваат од платформата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

C +

Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови

ДЕСК

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание: Нека гласа за минимална плата од 500 евра

ДЕСК