Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Возач од Кавадарци управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода и ќе му биде поднесена соодветна пријава

На 25.08.2025 во 23:20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(64) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Внимавајте на автопат: Додека бил паркиран, застанал автомобил од кој излегле петмина и со закана од огнено оружје го ограбиле

ДЕСК

Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена

C +

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

C +